|
|
|
 |
СТОЈАНЧЕ РИБАРЕВ
Претседател на судот
Кратка биографија:
Роден 19.06.1964 год. во Штип-Република Македонија. На Правниот факултет во Битола дипломира во 1987 год.
Од 05.10.1987 год. започнува со волонтирање во Окружниот стопански суд во Штип каде како приправник е примен на 01.02.1989 год.
Правосуден испит положува на 12.04.1990 год. и потоа продолжува да работи како Секретар на судот.
На 30.06.1996 год. избран за Судија на Основниот суд во Штип и започнува со работа на граѓанска материја.
На 01.02.1997 год. избран за Претседател на судот и на таа функција е до 01.02.2000 год.
На 01.02.2000 год. избран за член на Републичкиот судски совет и на таа функција е до 11.07.2002 год.
На 12.07.2002 год. избран за Судија на Апелациониот суд во Штип. За цело време работи на граѓанска материја од сите области (имотни односи, тровско право и работни односи).
На 29.12.2008 год. избран за Претседател на Апелационен суд во Штип.
Има завршено курс за Англиски јазик –2 степен.
Завршено обука за работа со компјутери-Windows, MS Word & Excel.
Завршено обука за Едукатор 1 и 2 степен.
Посетувано специјалистички курс за деловно право на CEI во Будимпешта како и семинари и курсеви во РМ од областа на имотното право и заштитата на човековите права.
Автор на стручни написи во Судиска ревија и Весникот “Правник” како и учесник како едукатор на семинари за судии и правници со свои трудови од областа на имотното и тровското право .
Во 2002 год. учествува како консултaнт во работната група за изработка на “Судскиот информационен систем”.
Членувал во повеќе комисии за изработка на прописи.
Од 2006 год. член на Управниот одбор на Здружението на судиите на Р.Македонија.
Во текот на 2007 год. бил член на комисиии во Министерството за правда за измени и дополнувања на Закон за медијација и за изготвување на Закон за платите на судиите.
Во текот на 2006 год. работи на проекти во Здружението на судии на РМ за донесување на Закон за плати на судиите, а во текот на 2007 год. на проект за утврдување на критериуми за оценка на работата на судиите.
Со одлука бр.02-155/8 од 16.05.2007 год. именуван е за постојан едукатор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители.
Со одлука на Министерот за правда бр. 09-1846/1 од 24.03.2008 год. именуван е за член на Испитната комисија за полагање на испит за извршители по предметот Стварно право, семејно право, наследно право, облигации и катастар.
КИРО БОЈАЏИСКИ .jpg) Роден 15.07.1950 год. во с. Владимирово –Општина Берово.
По народност Македонец, државјанин на Р. Македонија.
Основно училиште завршено во с. Владимирово, а средно училиште Гимназија завршено во Берово.
Стапил во брак 1975 год. во кој има две деца.
Правен факултет завршено во Скопје 16.03.1976 год.
Прво вработување како судски приправник во Окружен стопански суд – Штип на 01.07.1976 год.
Војска служено 1977/78 во Битола.
Правосуден испит положено 16.02.1978 год. во Скопје.
Работeл како судија во Општински суд –Штип од 05.10.1978 год. до 20.11.1982 год.
Работeл како судија на Окружен суд Штип од 20.11.1982 год. до 01.07.1996 год.
Работи како судија на апелационен суд Штип од 01.07.1996 год. и денес, во кривичниот оддел. АНГЕЛ СТОЈАНОВ .jpg) Роден на ден 16.09.1949 година во с. Вртешка, Штип. Основно училиште има завршено во родното место и во Зрновци, а гимназија во Радовиш.
На Правниот факултет на Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје запишан во учебната 1968/69 година, каде дипломира во 1973 година, а правосуден испит положил во 1984 година..
Првото вработување е во Собранието на Општина Штип, прво два месеци приправник, а потоа една година работи како раководител на Службата за правна помош на граѓаните при Собранието на Општина Штип.
Во месец декември 1975 године избран за судија на Општинскиот суд за прекршоци во Штип, бил претседател на истиот суд од месец декември 1988 год. до месец јуни 1996 година.
Од 01.07.1996 година е судија на Апелациониот суд во Штип, распореден во Кривичниот оддел. КОРНЕЛИЈА ДАВЧЕВА .jpg) Родена сум во Штип на 06.03.1957 година. Основно училиште завршив во Штип, како и средно образование во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип. Правен факултет завршив во Скопје на 30.06.1980 година. Потоа се вработив како приправник во Основниот суд за здружен труд во Штип на 01.07.1981 година и бев приправник до 01.12.1982 година. Од 01.12.1982 година до 30.06.1990 година работев како стручен соработник при Основниот суд за здружен труд во Штип. На 01.07.1990 година бев избрана за судија при Општинскиот суд во Штип во кривично одделенине и бев на оваа функција до 30.06.1996 година. На 10.04.1996 година бев избрана за судија на Апелациониот суд во Штип, кој започна со работа од 01.07.1996 година. За целиот временски период откако сум избрана за судија во Апелациониот суд во Штип, работам на кривична материја. СВЕТОЛИК НИКОЛОВ .jpg) Роден е на 21.08.1950 година, во Св. Николе.
Во 1976 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје.
Во 1975 година работел во орган на управа Општина Св.Николе.
По дипломирањето работел во тогашниот Општински суд Св. Николе како приправник и стручен соработник.
Во 1979 година е избран за судија на Општински суд Св. Николе.
Во 1985 година е избран за Претседател на Општинскиот суд во Св.Николе.
Во 1996 година е избран за судија на Апелациониот суд во Штип, каде е претседател на совет и претседател на граѓанскиот оддел. ЈАГОДА ЃУРКОВА .jpg) Родена на 16.09.1955 година во Штип.
На 05.02.1980 година дипломирала на Правниот факултет во Скопје.
По завршувањето на факултетот, во 1981 година се вработи као приправник во Окружното јавно обвинителство – Штип, а потоа од 1983 година продолжила да работи како стручен соработник во истиот орган.
На 15.04.1988 година е избрана за судија во Општински суд – Штип.
Од 1996 година е избрана за судија во Апелациониот суд – Штип.НАЌЕ ГЕОРЃИЕВ .jpg) Наќе Георѓиев е роден на 13.06.1963 година во Струмица.
Основно образование завршил во ЦО „Гоце Делчев“ во с. Босилово.
Средно образование завршил во Гимназијата Јане Сандански во Струмица.
Се запишав на Правен Факултет во Битола во учебната 1983/84 година, каде дипломирав на 07.07.1987 година.
По дипломирањето се вработив на ден 08.10.1987 година во РО За медицинска рехабилитација Природно лекувалиште Бања Банско на работно место референт за работни односи –дисциплинска постапка и управување се до 24.09.1997 година.
Избран сум на 24.09.1997 година за судија во Основен суд Струмица каде работев во граѓански оддел.
Во Основен суд Струмица бев до 15.06.2004 година.
Избран сум за судија на Апелационен суд во Штип на 15.06.2004 година каде што сеуште работам во граѓански оддел. БЛАГОЈ ДАМЈАНСКИ .jpg) Роден сум 1951 год. во с.Владимирово – Општина Берово.
Правен факултет имам завршено 1975 год. на Универзитетот „Свети Кирил и Методи“ во Скопје. Вработен сум 1976 год. во РО „Јака “-Радовиш, на работно место референт по работни односи, а потоа и секретар, каде работев се до 1983 год. Од 1983 до 1985 год. работев како секретар на Собранието на Општина Радовиш. Во 1985 год. сум избран за судија во Општинскиот суд во Радовиш и на истата должност бев до 1993 год.
Од 1993 год. до 1996 год. работев како адвокат. Од 1996 год. до 2004 год. повторно бев избран како судија во Основен суд Радовиш. Од 2004 год. па до ден денес сум судија во Апелациониот суд во Штип. ВАСИЛ СТЕФАНОВ .jpg) Роден сум на 30.06.1950 година, во с. Теранци, - Кочанско, со единствен ЕМБГ 3006950493002 државјанин на РМ, по националност влав.
Основно и средно образовани завршив во Кочани.
Правен факултет завршив на Универзитетот “Св.Кирил и Методи“ во Скопје.
По дипломирањето се вработив во ЗЗ “Моша Пијаде“ с. Подлог.
За судија во Основниот суд во Кочани бев избран во Ноември 1986 година, каде што работев на сите видови предмети, се до 07.02.2006 година, кога бев избран за судија во Апелациониот суд во Штип.
Во овој суд работам на граѓанската материја. СТОЈАНЧО АТАНАСОВ  Роден 01.02.1954 год. во Велес.
Основно и средно образование завршил во Св. Николе, каде што живее. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1978 год. Истата година се вработил како правен референт во ЗИК “Овче Поле“ – Заеднички служби, Св. Николе. Во 1982 год. положил правосуден испит и се вработил во Општински суд Св. Николе како приправник, каде од 01.01.1983 год. е избран за судија на истиот суд. Во периодот од 1997 год. до Февруари 2005 год. бил Претседател на истиот суд. На 25.06.2009 год. е избран за судија во Апелационен суд – Штип. ЗОРАНЧО МИЦЕВСКИ
Роден 07.05.1957 год. во Штип каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1983 год. Истата година се вработил како приправник во Окружен суд - Штип. Во 1986 год. положил правосуден испит и продолжил со работа како стручен соработник во истиот суд, се до 2000 год, кога е избран за судија во Основен суд – Кочани. На 25.06.2009 год. е избран за судија во Апелационен суд – Штип.
СЛАВЧО ТАСЕВ
Роден на ден 05.06.1959 година во с. Груинци, Босилеград, Република Србија. Основно и средно образование завршил во Босилеград. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Медодиј“ во Скопје на ден 23.11.1983 година, а на ден 18.06.1986 година положил правосуден испит во Скопје. Од 01.01.1984 година до 01.09.1984 година работел како адвокатски приправник кај адвокатот Душан Милоевиќ во Скопје. Од 01.11.1984 година до 10.03.1995 година работел како стручен соработник во Окружен суд Штип.Од 10.03.1995 година до 28.06.1996 година работел како адвокат во Штип. На ден 29.06.1996 година е избран за судија во Основен суд Штип, каде работел како судија на тој суд се до 19.11.2009 година, кога е избран за судија на Апелационен суд Штип.
КИРЧЕ ДОНЕВ  Роден 06.10.1959 год. во Штип. Основно образование има завршено во с. Чешиново - Кочани, средно образование во Штип, дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1986 год.
За првпат бил вработен во Основниот суд на здружениот труд во Штип како судски приправник, од 01.01.1990 год. се вработува во Окружен суд Штип како судски приправник. На 05.10.1992 год. положил правосуден испит и од тогаш па се до 30.06.1996 год. работи како стручен соработник во Окружен суд Штип. Продолжува да работи како стручен соработник и во Апелационен суд Штип од 01.07.1996 год. до 01.09. истата година. Од 01.09.1996 год. до 25.03.1998 год. работи како секретар на Апелационен суд Штип.
На 25.03.1998 год. избран е за судија во Основен суд Штип и таа функција ја врши до 14.01.2010 год. кога е избран за судија во Апелационен суд Штип. ВАСКА ПЕТРОВА
 Родена 21.12.1959 год. во Виница.
Средно образование - гимназија завршува во родното место, по што се запишува на Природно математичкиот факултет - група биологија, а потоа и на Правниот факултет - правосудна насока при универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје, на кој дипломира во 1987 год.
Правосудниот испит го положила во 1991 год.
Од 1984 до 1988 работи во сопствена приватна фирма. Во 1989 се вработува како приправник во Општинскиот суд за прекршоци во Виница, а од 1991 год. како стручен соработник во истиот суд. Од 1996 до 1997 год работи како стручен соработник во Основен суд Виница, а во 1997 год. е избрана за судија во Основен суд Виница. Во декември 2001 год. е избрана за Претседател во Основен суд Виница и повторно избрана на истата функција во февруари 2006 год., која ја извршува се до 22.02.2010 год. Како судија и Претседател на суд има работено на предмети од сите области, но претежно и во најголем дел на предмети од граѓанската област. По завршувањето на претседателската функција продолжува да работи како судија во истиот суд.
Избрана е за судија во Апелационен суд Штип на 10.06.2010.
МИРЈАНКА ГОЦЕВСКА СТЕФАНОВСКА  Родена 30.06.1961 год.во Штип. Во 1985 дипломира на Правен факултет - Правосудна насока при универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 1986 до 1987 год. работи како приправник во Окружниот суд во Штип, каде што продолжува како стручен соработник и секретар на судот до 1996 год. Во месец Јуни 1996 год. е избрана за судија во Основниот суд во Штип, каде што работи во кривична и граѓанска област. Во 2007 год. е избрана за судија во Управниот суд во Скопје, каде работи до 2010 год. Во месец Септемри 2010 год е избрана за судија во Апелациониот суд во Штип.
ДАНКА РИСТОВА  Родена на 19.09.1965 год. во Кочани.
Основно и средно образование - општа гимназија завршила во Радовиш. Дипломирала на Правен факултет на Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје во 1987 год.
Од 10.1989 година работи како приправник, а потоа и како стручен соработник во Јавното правобранителство во Радовиш. Избрана е за судија во Основниот суд во Радовиш во јули 1997 год., каде работи на кривична и прекршочна материја. Во ноември 2009 год. избрана е за Претседател на Основен суд Радовиш.
Во септември 2010 год. избрана е за судија во Апелациониот суд во Штип. СВЕТЛАНА ЈОВАНОВА  Родена на година во Штип.
На 05.02.1
СОФИЈА МАНЕВА  Родена на година во Штип.
На 05.02.1
|
|
| |
|
|