Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
Одлуки на Апелациониот Суд Штип

20.07.2010   ГЖ-1132/10
АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО ШТИП, во совет составен од судиите: Киро Бојаџиски- претседател, Наќе Георгиев и Кирче Донев- членови, при записничар Гордана Филова, постапувајќи по предлогот за издавање на привремена мерка за обезбедување на непарично побарување на предлагачите К.Ѓ.и А. Г. и двајцата од Ш., против противникот Р. М.- Општина Ш., а по  жалбата изјавена од жалителите-предлагачите К.Ѓ.и А. Г. и двајцата од Ш. против решението на «Основен суд Штип «Рг.27/10 од 25.06.2010 год, на седница одржана на ден 20.07.2010 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од жалителите-предлагачите К.Ѓ.и А. Г. и двајцата од Ш.,- СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

Решението на Основниот суд Штип Рг.27/10 од 25.06.2010 год, - СЕ ПОТВРДУВА.
   
О б р а з л о ж е н и е

    Основниот суд во Штип со решение Рг.27/10 од 25.06.2010 го. предлогот на предлагачите за определување привремена мерка заради обезбедување на непарично побарување, со која бара да му се забрани на противникот да не превзема била какво дејство- рушење на помошната просторија, со која можело да им се нанесе ненадоместлива штета на предлагачите, како и привремената мерка да траела до истекот на 15 дена од правосилноста на пресудата, а која тужба за утврдување право на сопственост ќе биде поднесена во рок од 15 дена од издавањето на привремената мерка, го одбил како неоснован.    
    Од ваквата одлука останале незадоволни предлагачите кои во навремен рок поднеле жалба поради суштествени повреди на одредбите од ЗПП, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право, па предлага жалбата да се уважи, а побиваното решение преиначи или укине и предметот врати на првостепениот суд на повторно одлучување.
    Апелациониот суд во Штип ја разгледа жалбата и сите списи во предметот, ја испита побиваната одлука  во смисла на чл. 354 од ЗПП па најде:

    Жалбата е неоснована.

Неоснован е жалбениот навод на жалителите-предлагачите да првостепениот суд донесувајќи го побиваното решение да сторил суштествена повреда на одредбите на парничната постапка од чл. 343 ст.2 т.13 од ЗПП, бидејќи изреката на побиваното решение е разбирлива, непротивречи самата на себе си, ниту на причините на решението. Во побиваното решение се наведени доволно причини за решителните факти од кои се раководел судот при одлучувањето, па како такво побиваното решение со сигурност може да се испита од страна на овој суд.
Неосновани се жалбените наводи на жалителите-предлагачите за погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба, бидејќи од изведените и правилно ценети докази првостепениот суд ја има целосно и правилно утврдено фактичката состојба во конкретниот граѓнаско-правен однос.
Така, првостепениот суд утврдил дека од страна на овластен градежен инспектор при Општина Ш. било донесено решение со кое се барало од предлагачот А., да ја отстрани градбата на помошната просторија. Решението и заклучокот за дозвола за извршување предлагачот ги добил, против нив поднел жалба, по која жалба требало да одлучи Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работи од областа за уредување на просторот, по жалбата се уште не било одлучено. Утврдил дека решението и заклучокот за дозволување за извршувањето не преставуваат услов за определување на предложената привремена мерка, и не го оправдуваат барањето на предлагачите за издавање на истата. Предлагачите не го сториле веројатно постоењето на своето право, и постоењето на активност од страна на противниците за започнување со рушење на помошниот објект, а со тоа значително да се отежни правото на предлагачите во понатамошните постапки.
На вака целосно и правилно утврдена фактичка состојба, првостепениот суд правилно го применил и материјалното право.
Така, првостепениот суд правилно го применил чл.35 и чл.36 од Законот за обезбедување на побарувањата, кога го донел побиваното решение и одлучил како во изреката на истото, бидејќи од изведените докази утврдил дека не се исполнети условите за издавање на предложената привремена мерка, предлагачите не го сториле веројатно постоењето на опасноста дека без издавање на ова мерка на предлагачите може да им биде нанесена ненадоместлива штета.
При една ваква состојба и по мислење на овој суд, а имајќи ги во предвид погоренаведените законски одредби во конкретниот случај не се исполнети условите од чл..35 од Законот за обезбедување на побарувањата за издавање на предложената привремена мерка, а бараната привремена мерка од предлагачите согласно чл.36 од Законот за обезбедување на побарувањата не е дозволена, за обезбедување на непарично побарување, и се исполнети условите за донесување на побиваното решение. 
Од сето погоре изнесено, а согласно чл.370 до ЗПП, се одлучи како во изреката на ова решение.
АПЕЛАЦИОНЕН СУД - ШТИП, 20.07.2010 година.
                                                                                   
                                                                                         Претседател на советот,
Киро Бојаџиски с.р.

Назад